1. Кој ме сака на училиште?
Мамо, наставничката ни кажа дека има свои деца, а во училиште ние сме ѝ деца. Деца вторачиња.
Наставничката рече дека во училиште не смее да се носи лак на нокти.
Денес наставничката им ги скина листовите на две деца. Тажни беа.
Емилија многу зборуваше и наставничката ѝ рече да излезе надвор. Потоа ја немаше Емилија. Ја бараа, па ја врати друга учителка.
Денес ѝ собравме цвеќиња на наставничката. Таа се насмеа и нѐ гушна.
Зошто Маја седи сама?
Наставничката денес му рече на Емил: Види каква ти е тетратката. Згужвана му беше. Но, барем имаше тетратка.
Мамо, знаеш што се случи денес? Се гушнавме, цело одделение. Убаво беше.
Денес бевме немирни на физичко. Наставничката ми рече дека утре ќе бидам под казна. Нема да вежбам, ќе седам на клупа.
Денес, кога наставничката нѐ прозиваше за на табла, ни кажуваше: „Ајде да излезе принцезата таа-и-таа! Ајде сега кралот тој-и-тој!“ Се забавувавме.
Може да не одам на училиште денес? Наставничката ни вика.
Денес наставничката рече: Кристина и Софија денес нема да одат во тоалет.
Mоже да се отпишам од училиште? Наставничката рече кој сака може да се отпише.
Плачеш.
2. Кој ме сака надвор од училиште?
Мамо, зошто кога одиме на пазарче сите ме сакаат, а во училиште сите ми викаат?
И кога ќе ме земеш кај тебе на работа, ме сакаат.
Ти текнува кога отидовме во таа големата библиотека, во подрумот? Еден чичко седеше сам и пишуваше во соба полна со книги. Кога ме виде со венчето како принцеза, се насмеа.
И во супермаркет ми се насмевнуваат тетките кога ќе им подадам нешто за скенирање. Ме сакаат.
Не се смеј.